Илјадници луѓе во Мадрид против гласањето го бранат единството на Шпанија

од desk3

Илјадници луѓе кои носат шпански знамиња, демонстрираа денеска на улиците на Мадрид за да го заштитат единството на Шпанија во пресрет на референдум за самоопределување, свикан од оние што се борат за независност на Каталонија и покрај забраната, која централната власт наметна врз гласовите.

Демонстрантите се собраа на плоштадот “Сибелес” во строгиот центар на главниот град, по повикот на конзервативната фондација за заштита на шпанската нација, пренесе Франс прес.

Некои дури извикуваа “Пучдемон во затвор”.

Карлес Пучдемон го предводи сепаратистичката каталонскиот влада, која упатува предизвик кон централните власти и шпанското правосудство, организирајќи утре референдум, кој беше забранет како неуставен.

Во интервју за американските медиуми шпанскиот министер за надворешни работи Алфонсо Дастис изјави дека планот на регионалната каталонска влада да одржи утре референдум за независност е исмејување со демократијата.

Дастис ја обвини владата на Пучдемон дека се обидува данаметне систем, спротивна на целите и идеалите на ЕУ.

Слични содржини