Бројот на бегалците кои се наоѓаат на границата на ЕУ и инсистираат за азил, достигна 107 500 лица во месец јули. Најголем е приливот од Балканскиот полуостров кон Германија, соопшти Европската гранична агенција Фронтекс.

0000273806-article2

Ова е историски рекорд. Само еден месец порано, во јуни, бегалците на Стариот континент биле 70 илјади.

Германија е подготвена да прифати 750 илјади бегалци оваа година. Бројката е многу поголема од првичните очекувања.

Првично Берлин објави дека очекува 450 илјади молби за азил. Така во 2015-та година во Федералната република ќе пристигнат два пати повеќе бегалци од 1992 година, кога поради војната во Босна во близина 440 илјади луѓе побараа спас таму.

Фронтекс ги повикува сите земји-членки на ЕУ да ја зајакнат својата поддршка за земји како Грција и Унгарија, изјави директорот на агенцијата Фабрис Леџери.

Влезната врата на Шенген – Унгарија, која веќе гради ѕид на границата со Србија, објави дека во наредните денови ќе испрати илјадници полицајци, кои ќе ја чуваат пограничната зона.

Една од најжешките места е каналот под Ла Манш, каде секој ден стотици бегалци се обидуваат да поминат илегално. Поради тоа министрите за внатрешни работи на Франција и Велика Британија Бернар Казнов и Тереза ​​Меј ќе потпишат во четврток договор за зајакнување на безбедноста во регионот на тунелот и зајакнување на борбата против шверцерите на луѓе.

Слични содржини