Изборите висат поради незавршената работа на Собранието и на Уставниот суд

од Vladimir Zorba

sarena-revolucija-10-juni-6

За 14 дена, до 12 октомври кога се распушта Собранието, пратениците треба да ги корегираат Изборните единици поради поголемиот број гласачи во 6-тата Изборна единица, да ги донесат новиот Буџет за 2017 година, измените на Законот за заштитени сведоци по барање на специјалната обвинителка Катица Јанева, да ги изгласаат извештаите за работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), и за работата на Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски. Ако пратениците не се усогласат за сите овие прашања до распуштањето на Парламентот, одржувањето на предвремените парламентарни избори е доведено во прашање, констатира порталот СакамДаКажам.

Како најголема пречка за одржување на изборите на 11 декември е евентуалната одлука на Уставниот суд да го прогласи СЈО за неуставно. Во договорот од 20 јули, лидерите на 4-те најголеми партии потписнички на Пржинскиот договор го повикаа Уставниот суд што поскоро да ја донесе одлуката за уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство. Според договорот од 20 јули, „во случај Уставниот суд да одлучи дека Законот за Специјалното јавно обвинителство или делови од него се неуставни, четирите партии се обврзаа во рок од пет дена да го усогласат со одлуката на Судот и одново да го воспостават СЈО. Ефикасноста, опсегот и целите на СЈО треба да бидат задржани“. Но, иако уставните судии се вратени на работа скоро цел месец, иницијативата против СЈО не ставена на седница на Уставниот суд, а нема ни најава кога ќе биде. Ако Уставниот суд евентуално го укине СЈО откако ќе се распушти Собранието на 12 октомври, ќе нема начин партиите да го усогласат неговото постоење како што бара договорот од 20 јули.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини