Јункер: Романија го заслужува местото во Шенген зоната

од Vladimir Zorba

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави денеска во обраќање пред романскиот Парламент дека Романија го заслужува своето место во Европската унија и Шенген зоната.

– Романија природно го заслужува своето место во редовите на ЕУ и во Шенген зоната. Критериумите за приклучување кон Шенген зоната беа јасни и тука го кажувам ова уште еднаш, не треба да ги усложнуваме тие критериуми, рече Јункер.

– Романија треба да стане членка на Шенген зоната колку што е можно поскоро, бидејќи тоа го заслужува, додаде Јункер пред романските пратеници во обраќањето по повод десет години од влезот во ЕУ.

Претседателот на ЕК изјави дека Механизмот за соработка и проверка се спроведува добро и не е потребно да се воведуваат нови критериуми и барања на веќе постоечките.

Јункер додаде дека изминатите десет години Романија вложува важни напори во реформите на судскиот систем и во борбата против корупцијата и нагласи дека завршувањето на Механизмот за соработка и проеверка не треба да значи крај или запирање на реформите.

Претседателот на ЕК во рамки на посетата на Романија ќе се сретне со претседателот Клаус Јоханис и премиерот Сорин Гриндјану./a1on

Слични содржини