Сите дозволија грешки во преговорите.Од Рене Малтезу, Елизабет Пинеу и Андреас Ринке.
eurobank

Атина, 1 јули –  Тоа беше мала собичка со обична дрвена маса, широка неколку стапки. Грчкиот премиер Алексис Ципрас седеше на едната страна заедно со преведувачот и Ангела Меркер, германскиот канцелар. Од другата страна седеше претседателот на Франција Франсоа Оланд со неколку службениcци

Во оваа скромна бриселскиот атмосфера главните лица во големата грчка драма се обидоа да го избегнат падот кој може да ја загрози иднината на еврото и дури на самата Европска унија. Меркел и Оланд го упатија последниот предлог за билиони евра како помош за банкротирана Грција – ако Ципрас ги потпише економските реформи кои доверителите  ги сакаат.

Учесниците изгледаа уморни, јазикот и  телото им беа здрвени. Средбата не трае долго. Според грчки претставници Ципрас веќе решил да свика вонредна средба на кабинетот во Атина за вечерва. Дури и кога зборуваше со Меркел и Оланд, тој се подготвуваше да им ја предаде одлуката за судбината на Грција на грчкиот народ. Денот пред средбата, тој веќе беше решил по месеци преговори, дека со грчките кредитори не можат да стигнат до единствена одлука.

Кога летал кон Атина во владиниот авион подоцна истиот ден, младиот грчки лидер размислуваше  за идејата за референдум. Беа го советувале дека нови избори ќе траат предолго. Но референдумот требаше да  ја изрази желбата на Грците.

Кога ги информира министрите за планот и владата тој се согласи, и најави референдумот за време на доцнотелевизиско браќање. Драстичниот чекор изненади многу европски лидери. Меркел и Оланд беа информирани по телефон, малку пред Ципрас да ја објави веста.

Сите земји дозволија грешки во преговорите

Бомбата, пуштена од Ципрас со овој референдум, рече многу за долготрајната борба меѓу своеволието на  Грција и моќната Европска унија. Борбата полна со грешки и ризични политички маневри . Сите земји згрешија и направија погрешни проценки.

Тука се поставени многу повеќе од пари. Грчкиот проблем ја одредува иднината на Европа. Во очите на Ципрас тоа е криза на демократијата и суверенитетот, на тоа дали волјата на еден народ тежи повеќе од наднационалните цели на Еврозоната и Европската унија.

За Еврозоната, а особено за Германија, ова е тест за униформност. Тест за тоа дали блокот од 19 нации со единствена валута ќе успееја да ги испочитуваат економските стандарди и усвоените услови.

Барањето на Ципрас за референдум нааапаните министри за финансии од еврозоната, кои се познати како Еврогрупа . Заедно со Меѓународниот монетарен фонд пред време тие и помогнаа на Грција за огромниот нејзин долг со помош на спасувачките програми. Последното требаше да заврши на 30 јуни, кога Грција мораше да плати 1,6 билиона евра на ММФ.

Трпението се исцрпи и Еврогрупата одлучи спасувачката програма да заврши со распоред . Европската централна банка, која ги помага грчките банки со 89 билиона евра, исто така, одлучи дека границите се заобиколени: таа изјави дека нема да и дава на Грција дополнително финансирање.

Исплашените  луѓе во Грција застанаа  пред банкомати. Ципрас и неговата влада наредија грчките банки да останат затворени и да наметнат контрола врз капиталот за да запре извозот на пари надвор од земјата.

Во вторникот Грција не успеа да му плати на ММФ. Иако преговорите од различни земји , продолжуваат и договор  и може да биде склучен , Во средата Грција осамна без јасна насока – без дополнително финансирање од ММФ и без спасувачка програма.

Референдумот ги исправа Грците пред голем избор

Референдумот е закажан за 5 јули, иако во средата беа пуштени гласини дека може и да биде прекинат. Ако сепак биде одржан, Грците се соочуваат со голем избор: да се предадат пред доверителите и да прифатат болните економски реформи или да продолжат по својот пат.

Некои европски лидери јасно ставија до знаење дека ако Грците го преземат вториот пат, ова решение ќе доведе до нивното исклучување од еврозоната . Ципрас ја  предизвикал оваа одлука.

Од моментот кога Ципрас стана премиер во јануари, тоа постави нови предизвици пред добро сложени костуми на Брисел. Храбар и неискусен Ципрас немаше страв да влегува во контроверзии. За него немаше разлика кој е на својот пат. Финансискиот минитер Јанис Варуфакис сака кожените јакни, одрзок  јазик и радикални идеи.

Иако стилот на Ципрас беше повеќе разговорен, решителноста му беше челична. Кога преговорите за долгот на Грција станаа  долготрајни, тој се придржува кон барањата на левата партија Сириза  е за олеснување на долгот. Барањата беа Грција да не плаќа дел од билионите кои  ги зеде и мерките за штедењето да заврши.

Ципрас, привлечен од комунизмот во младоста, ја продлабочи должничката криза, претворајќи ја во политички проблем. На крајот на мај тој изјави за францускиот весник Ле Монд, дека Европа е на крстопат. Или ќе покаже солидарност и ќе предложи на Грција полесен излез, или ќе претрпи поделба и “почетокот на крајот на европскиот обединувачки процес”.

Тоа беше неговата адут: ако лидерите на еврозоната не се предадат, Грција ќе предизвика хаос , како не ги исполни обврските кон доверителите. Грција должи 243 билиона евра ($ 271 билиона) според пресметките на Ројтерс, базирани на официјални податоци. Долгот само кон Германија е еквивалентно на 57 билиона евра за две помошни програми. Германија исто така е најголем акционер во Европската централна банка. Грчките банки се  со 118 билиона во ликвидност, рече неодамна Марио Грагхи, нгувернер  на банката.

Германија vs. Грција

Главниот противник на Ципрас беше Меркел, долгогодишен лидер на Германија, гледана  како бастион на финансиската правда. Меркел и Зајадливиот министер за финансии на Германија, Волфганг Шојбле не сакаа да платат повеќе за грчките економски грешки. Некои пак изразуваа сочувство кон барањата на Ципрас за простување на долгот.

Според висок германски претставник една од главните цели на Меркел беше да ги обедини доверителите и другите институции. Берлин се сомневал дека Европската комисија, извршино  тело на ЕУ, ќе сака да направи премногу отстапки пред Грција да ја  задржи еврозоната заедно.

Германците биле исплашени дека Жан-Клод Јункер, претседател на Европската комисија, кој ќе биде премногу добротворен кон Ципрас. Кога Јункер се сретна за првпат со младиот Ципрас во февруари, тој го поздравува со бакнеж и го поведе  за рака. Еден виш претставник се шегува: “Ако Јункер можеше да одлучи сам за себе, ќе имавме сеопфатен финансиски трансфер (пари од Германија и од други земји) кон Грција за следните 10 години.

Германците и северњаците и и здруженит кредитори постојано, и   покажаа на Комисијата дека не треба да и дава заеми на Грција. Сепак, земјите членки даваат парите и кажуваат што да се прави со нив.

Меркел исто така беше во спротивност со ММФ , кој сметаше дека треба да биде обмислено  уште едно должничко олеснување за Грција. Според двајца луѓе кои присуствувале на дискусијата им, Меркел , велат дека   Кристин Лагард, извршниот директор на ММФ, дека мисли дека за Германија е исклучително важно ММФ да остане свртена  кон грчката спасувачка програма. Германскиот канцелар го  користи авторитетот пред многу економисти, вклучувајќи го и грчкиот министер за финансии, бидејќи оценува дека тоа е единствениот излез за решавање на грчката криза.

Оваа идеја предвидува да биде дозволена спасувачка програма и Европскиот механизам за стабилност да ги отплати долговите на ММФ и да ги преземе грчките државни обврзници чувани од ЕЦБ. И двата вида кредити можат да бидат заменети од долгорочни кредити со пониска камата од ЕМС.

Според човек запознаен со германската позиција, Меркел и  рекла на Лагард дека идејата е неприфатлива за Берлин и за останатите во Еврозоната .

Не е јасно дали Ципрас се почувствувал охрабрен од поделбата на грчките кредитори. Тој ги одигра своите карти многу тајно. Она што дополнително ја усложни ситуацијата на грчката страна беше фрагментарниот карактер на политиката на партијата на Ципрас. Членови на Сириза, во која левичарските сфаќања се концентрирани, се спротивставуваа на секакви трансакции. Алексис Митропулос, член на Сириза и заменик-претседател на парламентот, опиша дел од предлозите на доверителите како “вулгарни, убиствени и суров план”.

И двете страни одбија да отстапат

Додека бескрајната средби течеа  и двете страни одбија да отстапат. Ципрас го покрена прашањето, обвинувајќи  ги грчките кредитори во “пет години грабежите, прикриено зад финансиска помош”. Тој рече дека Грција ќе чека додека доверителите не почитуваат барањата на Грците да заврши оваа суровост. “Немаме право да погребан европската демократија на местото каде се родила”, рече тој.

Од другата страна, некои европски претставници се прашував дали Ципрас воопшто сака да стигне до компромис. Грчката Влада постојано испраќала своите предлози или одговори премногу доцна за да бидат анализирани од експерти од ЕУ, ЕЦБ и ММФ пред состаноците на министрите. Тоа покрена сомневања дека на тој начин владата сака да избегне контрола врз фискалните мерки кои не се дополнуваат.

Доверителите видоа задавање на хаос. Тие побрзаа да одржат вонредна средба на која политичките лидери ќе разговараат кризата. Тоа беше и целта на Ципрас.

Настаните сепак сами се развија. Исплашените Грци  ги повлечкоа парите од грчките банки. Меѓу минатиот октомври и април околу 30 билиона евра едноставно истекоа. Сега брзината се засили – во рок од една недела штедачи повлекоа 4 билиона евра од своите банкарски сметки во Грција.

Гувернерот на Грчката централна банка Јанис Стурнарас ги собра високите банкари на специјална средба. Според двајца од присутните Стурнарас направи предупредување: “Ако има договор, Европејците ќе се одлучиле да продолжат – (ова) ни беше кажано”, рече еден од банкарите. Со други зборови, ако нема договор, Грција нема да го исполни платните обврски, ќе банкротира и можеби ќе биде отстранета од еврозоната. Портпаролот на централната банка потврди дека средбата се одржала, но одби да коментира што било дискутирано.

Грците не отстапија за пензиите

Соочен со времето, кое истекува и пред можноста банките да ги затворат, Ципрас почна да размислува за  концесии за грчките кредитори според неговите  помошници. Една појдовна точка беа пензиските реформи. ММФ инсистираше Грција да го ревидира пензискиот систем, за да се намали товарот и извршат врз земјата, велат луѓето запознаени со преговорите.

Според Еуростат пензиите јадат околу 17,5% од грчкиот бруто домашен производ – повеќе од било која друга европска земја. Иако следеа кратенки земјата да роши 16% од својот БДП за пензии, иако тоа е една од причините грчкиот БДП да падне. Доверителите велат дека системот е во почетокот погрешен, бидејќи ги стимулира Грците да се пензионираат порано, да добиваат пензии и да работат во сивата економија,  а Владата оди без приходи.

ММФ сака тоа да се промени. Ципрас одби, велејќи дека високата невработеност значи дека пензиите се важен извор на приходи за многу семејства.

Во неделата на 21 јуни тој се состана со своите колеги од Сириза во Атина, за да претстави нов договор на доверителите. “Ципрас влегуваше и излегуваше од конференциската сала”, рече заменик министерот. “Зборува неколку пати по телефон со други европски лидери и политичари за време на состанокот. Затоа таие  траеја  толку часови. ”

Подоцна таа ноќ екипата на Ципрас прати новите предлози на претставници на еврозоната во Брисел. Според европски претставници, тие пристигнале предоцна за да бидат разгледани на средбата предвидена за следниот ден.

По неколку месеци расправии имаше оптимистичко расположение меѓу европските лидери, кои се собраа во Брисел на 22 јуни . Францускиот претседател Франсоа Оланд летна  со Фалкон џет и беше во добро расположение, иако насловите дека Европа е на нож и Грција банкротирала. Како некој запознаен со размислувањето на претседателот тој изјави за Ројтерс: “Луѓето наоѓаат решенија кои не се замислуваат ни во последен момент.”

Истиот извор додаде како забелешка: “Во драмата има и ризик. Тоа можат да го видат луѓето кога гледаат грчка трагедија. Таа завршува со смрт. Најверојатно. “Предупредувањето се покажа точно и преговорите не поминаа добро. Ципрас попушти во однос на пензиските реформи, но се фокусира на зголемување на пензиските придонеси и такси наместо врз намалување на трошоците. Доверителите сакаа повеќе отпуштања.

Германскиот министер за финансии Шојбел не остана фасциниран: “Немаше ништо ново. Само создавање очекувања, кои не беа поткрепени со докази “, изјави тој за новинарите. Уште еднаш преговорите завршија со несогласување.

Грчкиот народ исто така, реагираше бурно. Кога гласините за предлозите на Ципрас стигнаа до Атина, посиромашните пензионери протестираа по улиците. Левиот пратеник Јанис Михелогианис утврди дека новите реформи  се како “гробот” за Грција. Тој праша: “Како може да се склучи договор со кој ќе се зголемат самоубиства и ќе ги  направи луѓето посиромашни?”

Додека доверителите бараа построги мерки, Ципрас почна да размислува да гја и остави одлуката на гласачите. “Сфатив дека нема желба за склучување на остварлива договор”, рече грчкиот претставник.

На 26 јуни Ципрас се сретна со Меркел и Оланд во мала собичка во француските канцеларии на делегатите во Брисел. Меркел и Оланд размислуваа  за изгледите за кредитите од повеќе од 15 билиона евра, кои ќе бидат доделени како придонеси за наредните пет месеци ако Ципрас се согласи на предлозите на доверителите.

Повеќето од овие пари сепак ќе одат за исплата на грчкиот долг. Овие пари нема да бидат вклучени во комунални. На Грците ќе им се наложи да се соочи со години на сиромаштија и економски реформи. Ципрас го отфрли договорот и ги обвини доверителите за изнуда и тоа на прес-конференција.

Претстои тешка одлука

Кога прогласи референдумот, Ципрас се надеваше на европските институции да го олеснат финансискиот притисок до референдумот. Тој побара програмата за помош да биде продолжена по 5 јули.

Франција беше подготвена да разговара  за идејата, велат претставници на еврозоната. Останатите финансиски министри одбија. “Тоа (свикување на референдум) е тажно решение за Грција. Таа ја затвори вратата за понатамошни преговори “, рече претседателот на Еврогрупата.

Шојбле беше отворен: “Преговорите завршија кога  го разбрав господинот Ципрас правилно . Немаме што повеќе да дискутираме. ”

Претходно истата вечер Варуфакис, грчкиот министер за финансии, си замина од зградата на Европскиот совет во Брисел. Според неколку претставници на Еврогрупата, тој си тргнал со насмевка. “Беше чудно дека некој кој штотуку донел одлука против сопствената земја, не е уништен, а сепак се  подсмева”, изјави европски претставник.

Следниот ден Варуфакис објави блог пост во заштита на референдумот. “Кон самата идеја една влада да се советува со луѓето за проблематична одлука беше пристап ено со неразбирање и запоставување,што се  граничи со презир. Можат ли демократија и монетарна унија да коегзистираат. Или едното треба да отстапи пред другото? “, Напиша тој.

Од Берлин истакнаа дека Шојбел предложил референдум уште во мај. Грчки претставници рекле дека преговорите можат да продолжат, иако помошта е истечена и иако има закажано референдум . Засега грчките банки остануваат затворени. Обидите да се стигне до компромис продолжуваат. Во средата Меркел покажа мал знак за попусти.

Претседателот на Европската комисија Јункерна 29 јуни  рече на прес-конференција : “Целиот свет ќе го прифати грчкото” не “како решение на Грција  е да се оддели од еврозоната и од Европа”

Тој ги повика Грците да гласаат со “да” и ги посоветува да не “вршат самоубиство”.

Слични содржини