Парите за бојата „Шарените“ ги даваат од сопствен џеб. Но, добиваат и донации. За време на протестите граѓаните можат да донираат за „Шарената револуција“ во една посебна кутија.   Демијан Хаџи-Ангелковски, активист на ова неформално движење вели дека, нив не ги финансира ниту една политичка партија, туку граѓаните кои постојано донираат, информира ТВ21. Донациите не се само за купување на боја, туку и за плаќање на казни кои „шарените“ секојдневно ги добиваат.

„Имаме голема помош и од самите граѓани кои што донираат средства. Но, голема заслуга имаат и нашите семејства кои што финансиски ни помагаат. Голем дел од работите ги плаќаме од свој џеб. Тоа го правиме несебично, не за нас, туку за сите граѓани на Република Македонија и за разрешување на оваа политичка криза“, реле Демијан Хаџи-Ангелковски.

„Шарените“ користат акрилна боја. А со помош на чаталите, буриња и пумпи, успеваат да ги обојат државните институции и објектите од Скопје 2014. ТВ 21 посети неколку продавници за бои и лакови. Продавачите не сакаат да зборуваат пред камера. Но, велат дека потрошувачката на  боја е зголемена. Велат, не само поради Шарената револуција, туку со оглед на тоа што е лето, многу семејства се одлучиле да ги освежат нивните домови.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини