Што ќе се случи доколку на европско ниво се донесе одлука за затворање на северната граница на Грција? До претстојната пролет, неколку стотици илјади бегалци ќе бидат заробени во Грција, ќе напредуваат и заглават на северната граница чекајќи го вистинскиот момент да поминат.

MIGR

Ова го пишува весникот „Катимерини“ во анализа на ситуацијата со мигрантската криза насловена „Денот потоа, ако се затвори северната граница“.

– Градовите како Солун, Кукуш, Лерин, Серес, Комотини, ќе бидат преплавени со гладни луѓе кои се одлучни да направат се за да ја остварат нивната цел, државите во Европа, а притоа нема да сакаат да останат во Грција. Кој и како ќе ги сопре доколку неколку илјади или само неколку стотици од нив во очај одлучат да се пробијат низ Вардарската долина преку Идомени кон Скопје или преку Промахонас во Бугарија? Грција тогаш нема да има никаква причина, ниту пак ќе се обиде да ги спречи, веќе ќе биде во ‘карантин’ од страна на Европјаните и ќе прерасне во ‘магацин на душите’, кој ќе мора да биде деактивиран, пишува весникот.

„Катимерини“ всушност анализата ја почнува со изјавата на македонскиот амбасадор во Атина Дарко Ангелов, кој за весникот рекол: „Не очекуваат многу тешки, драматични денови. Затоа мора да ги зајакнеме постоечките канали на комуникација и доколку е можно, да изградиме и нови”.

– Дипломатот од соседната земја емпатично истакна дека Скопје не сака затворени граници, но беше евидентна вознемиреноста во неговиот тон. Во просек БЈРМ дневно се справува со проток на околу 2.500 бегалци. Во последните месеци земјата е во центарот на интерес на сите држави од ‘Балканскиот коридор’, откако владите на Австрија, Чешка, Унгарија, Србија, Хрватска, Словенија и Словачка, му испратија помош на Скопје во луѓе и експертиза. Како крајна солуција, за премиерите на сите овие земји има едно решение: да ја затворат границата. Подготовките за мултинационални сили кои ќе бидат сместени на граничниот премин Гевгелија – Идомени се веќе во многу напредна фаза, пишува весникот додавајќи дека сето ова „предизвикува кошмари во Скопје со оглед дека се уште се свежи сеќавањата од последниот пат кога се имаше обид за затворање на границите со Косово во 1999 година, кога на крајот Македонија беше претворена во голем бегалски камп за 400.000 бегалци“.

„Катимерини“ наведува дека „исклучитечно лошите односи на Атина со државите кои го промовираат решението за затворање на границата се покажале во повеќе околности, а оваа епизода беше предмет на дискусија и на неформалниот министерстки состанок на ЕУ кој минатата недела се одржа во Амстердам“.

Весникот потсетува дека унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на неговиот грчки колега Никос Коѕиас му рече дека Грција „доставува бегалци“, на што шефот на грчката дипломатија одговори дека „после востанието во Будимпешта од 1956 година, европските држави примиле 200.000 бегалци од советската репресија“. „Малку пред тоа, Коѕиас со идигнација коментираше дека од сите нив, најмладиот, австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, последен и со задоцнување пристигна во салата за состанок“, наведува „Катимерини“.

Наведувајќи дека Курц имаше турнеја во регионот, во чии рамки го посети и Скопје, весникот коментира дека тоа ја зголемило загриженоста на Грција. Во текстот понатаму се наведува дека грчкиот алтерантивен министер за надворешни работи Ксидакис имаше турнеја низ централна Европа, посетувајќи ги Австрија, Словачка и Унгарија „каде што наиде на огромни разлики во перцепција“.

– Чудното, ако не и непријатно третирање на Грција од страна на тие држави беше јасно и за време на посетата на чешкиот министер за надворешни работи на Атина минатиот четврток (откако ги посети Турција и Скопје) сакајќи да покаже дека Прага сака да ја надмине негативната атмосфера создадена во двете држави во декември (кога Чешкиот претседател изјави дека Чешка ќе влезе во еврозоната тогаш кога Грција ќе ја напушти). Сепак, климата и понатаму остана тешка и по се изгледа Коѕиас не е подготвен да ја прифати поканата за возвратна посета, пишува „Катимерини“.

Слични содржини