Што се крие зад крвавата трагедија во Минхен – исламизам, десен радикализам или умноболен осамен убиец?
Одговор на ова прашање обидува да открие “Билд”.

1469250531-14

На почетокот имаше пораки дека на неколку места се пука. Подоцна поцијата потврди дека само едно лице отворило оган на минувачите. Информации за тројца мажи пушки не беа потврдени од слики или видеа на социјалните мрежи – невообичаено за милионски град, каде што многу луѓе имаат мобилни телефони.

Сторителот осаменик беше прикажан на повеќе слики земени од две видео снимки. На едното видео тој го напушта ресторанот на “Мекдоналдс”.
Држи пиштол во левата рака и пука на минувачи, кои се пред ресторанот.

Сведок раскажува за Си Ен Ен дека во ресторанот убиецот викал “Аллах акбар”. Тоа е единствената индикација, што насочува кон можен џихадист, нагласува “Билд”.

Повеќето факти сепак зборуваат против оваа претпоставка:
Џихадист би се трудел случајот му да биде сфатен токму како џихадист атентатор – кој би викал многу често “Аллах акбар” или би носел со себе соодветни работи кои треба да укажуваат на таков мотив. Тоа би го слушнале повеќе луѓе кои исто така би го потврдиле.

Од друга страна, сведок од ресторанот објави за RTL дека сторителот е ввикал со погрдни зборови “да ги е… странците”.

Друго видео покажува размена на реплики меѓу 18-годишното момче и други неидентификувани луѓе. Тие го навредуваат на расистичка основа на кое тој возвраќа дека е Германец, Турците го потсмеваа и објаснува дека треба да оди “на лекување”. По што се заканува: “Сега ќе си купам оружје за да ве ликвидирам”

На минхенски дијалект момчето објаснува дека е одгледан “на социјална помош”.
За еден тој е решен на сето тоа како џихадист и звучи необично. Според информациите на “Билд” тој го насочил оружјето против себе – нешто чудно за џихадит бомбаш, чија цел се што е можно да има повеќе жртви.

Покрај тоа датумот на пукањето во Минхен е чудно – точо пред 5 години десниот терорист Андерс Брејвик во Норвешка убиги 77 лица.
Минхенската снимка се разликува значително од трагедијата во Осло. Брејвик беше планирал масовно убиство и жртвите ги избрал внимателно. Убиецот од Минхен, па дури и да изгледа расистички мотивиран, повеќе не е избирал жртви.

Можно ли е сепак и сторителот од Минхен да имал свој перфиден план. Непосредно пред трагедијата во Фејсбук се појавува профил на млада жена со име кое звучи како турско. Овој профил нема никакви контакти на социјалната мрежа, непосредно пред пукањето пушта порака дека ќе “донира” пред “Мекдоналдс” и ги повикува луѓето да доаѓаат.

Не е јасно дали тоа има врска со евентуален план на убиецот.
Се уште не може да се каже какво е движењето на убиецот. Исламистички мотиви сепак изгледаат се помалку веројатни, заклучува “Билд”.

Слични содржини