Денеска ќе се избира петтиот член, на Ад хок телото кое ќе врши мониторинг врз медиумите во предзборниот период . медиуми-инфомакс-2xzx6orj7i1nscxt6ak9og

Според договорот на четирите политички партии, четворица од членовите се предложени од ВМРО-ДПМНЕ (Слаѓана Димишковска и Цветин Чилиманов) и од СДСМ (Горан Трпеновски и Љубомир Костовски), а петтиот член треба да биде од албанската заедница кој ќе биде избран со консензус бидејќи ниту ДИУ ниту ДПА не доставиле свои предлози.

На јавниот повик пријавени се Сефер Тахири, Илир Ајдини, Бесмира Ејупи, Даут Даути, Ајат Реџепи, Фатмир Кријезиу, Лулзим Хамиди и Јосиф Џочков.

Слични содржини