Кортни Кардашијан ќе студира право

од Vladimir Zorba

Освен студентите, оваа есен над учебниците ќе размислува и Кортни Кардашијан затоа што одлучила да студира право. Ѕвездата од “Keeping Up with the Kardashians”, која има три деца со поранешниот партнер Скот Дисик, има желба да го надгради своето образование по театарски уметности и шпански јазик.

Според извори блиски до неа, таа се запишала на универзитет уште минатата есен, но поради семејните грижи го  одложила стартот на студиите за оваа година.

38-годишната убавица избрала да го изучува законот во чест на својот татко, адвокатот Роберт Кардашијан. Идејата ѝ е да започне интернет базирано учење, за да не запира со грижата за децата.

Слични содржини