Коѕијас гостопримливо вели сменето го името – ние велиме ај добар ден…!

од Vladimir Zorba

 Сега на ред се емисарите на ЕУ па на САД , на НАТО па медијаторите Нимиц, ХОЈТ Ји и некаде до септември ќе ја потсетат Грција на времената спогодба која е потпишана и од АТИНА и СКОПЈЕ, а во неа стои:  да, привремено име ФИРОМ и клучното,  Грција нема право да ја блокира Македонија за членство во ЕУ и НАТО под привременото име.

 Првиот состанок на Атина и СКОПЈЕ преку новиот министер Никола Димитров, ја покажа само вољата на двете страни дека ќе се  разговара, а позициите колку за прв состанок се на тврдите црвени линии. Така и се очекуваше, инаку спорот не ќе траеше десетици години .

На посетата на македонскиот министер Никола Димитров, а на покана на грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас  е нагласено  дека Грција го поддржува територијалниот интегритет на Македонија без мешање на трети страни во внатрешната политика на земјата.

„Нашиот сосед сака да е член на повеќе регионални организации ние сме отворени да се реши прашањето за името но мора да се работи на постигнување компромис“, рече Коѕијас.

Според него ветото од 2008-ма што и го стави Грција, на Самитот на НАТО во Букурешт, на Македонија не било непријателство туку бранење на грчките интереси.

На прашањето   дали под референцата ФИРОМ привременото име од ОН може да послужи  Македонија да биде примена во ЕУ и НАТО, Коѕијас одговори дека тогаѓ мора да се потпише нов договор во ОН и да се презентира во НАТО.

Со други зборови Коѕијас не кажа ништо ново. Македонскиот министер Димитров без шпекулации околу можните решенија се задржа само на  барање поддршка од Грција на патот кон евроатланските интеграции.

„Имавме отворена и пријателска средба. Барам отворена поддршка од Грција, бидејќи бевме неподвижни неколку години“, рече Димитров.Со други зборови ајде да најдеме заедно решение за да бидеме добри соседи.

Сепак просторот е отворен, првиот чекор е направен. Сега на ред се емисарите на ЕУ па на САД , на НАТО па медијаторите Нимиц, ХОЈТ Ји и некаде до септември ќе ја потсетат Грција на времената спогодба која е потпишана и од АТИНА и СКОПЈЕ, а во неа стои:  да, привремено име ФИРОМ и клучното,  Грција нема право да ја блокира Македонија за членство во ЕУ и НАТО под привременото име, а за надминување на разликите околу името ќе се разговара.

Ќе ја потсетат Грција и дека обвинувањата на Атина за иредентизмот на Македонија , кој и вчера го спомнаа е небулоза која  го потврдија од меѓународниот суд во Хаг. Така што има изгледи, само е потребно освежување на меморијата, а тоа дипломатските булдожери го знаат.

Ад

Слични содржини