Крвавите снимки од Собранието во светските медиуми

од Vladimir Zorba

Демонстрантите упаднаа во парламентот. Лидерот на социјалдемократксиот сојуз претепан во Собранието. Насилници ги претепаа членовите на Македонскиот парламент. Упадот во законодавниот дом главна тема во светските медиуми. Британскиот Би Би Си во својот текст посветен за нередите во Македонија наведува дека се повредени десетина лица меѓу кој и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Демонстрантите, кои го поддржуваат поранешниот премиер Никола Груевски, бараат нови избори. Но кризата во државата не е нова и трае веќе неколку години откако за прв пат се појави скандалот со прислушување. Македонските националисти протестираат на улиците откако господинот Заев се обиде да направи коалиција“, известува Би Би Си.

Дојче веле пак објави дека македонската полиција морала да употреби шок бомби со цел да ги растера демонстрантите кои протестирале против изборот на Албанец за претседател на Парламентот.

Македонската полиција со крајни напори успеа да ги извади пратениците кои беа блокирани во Парламентот од страна на група гневни демонстранти, објавува Ројтерс. Дел од демонстрантите носеа маски на своите лица, а полицијата не реагираше навреме за да го спречи инцидентот, пишуваат новинари на Ројтерс кои ги следеле синоќешните немири.

Демонстранти националисти упаднаа во македонското собрание и ги нападнаа пратениците откако гласаа за избор на нов претседател на парламентот, пишува американскиот весник Вашингтон пост.

Крвавите снимки ги обиколија и Балканските медиуми.

Хаос во Скопје. Со маица на која имаше натпис „За дом спремни“, влезе во парламентот. Меѓу хулиганите кои во четвртокот вечерта влегоа во Собранието на Македонија имаше и припадник на фашистичкото усташко движење Хос, пишува Хрватски 24 часа.

„Незадоволни од изборот на Талат Џафери од албанската партија ДУИ за претседател на Собранието, демонстрантите ја прекинаа седницата и настана хаос во кој беа дупнати главите на неколку пратеници“, се наведува во денешното издание на хрватскиот 24 часа.

Специјалци во македонското Собрание. Полицијата мораше да употреби шок бомби за да ја растера гневната толпа надвор од законодавниот дом, пишува српски Блиц, а српската државна телевизија пак наведува дека во моментов ситуацијата е мирна, но дека граѓани со шатори се уште се наоѓаат пред Собранието.

Драматична ноќ во Македонија. Стотина лица повредени во крвава пресметка во Парламентот., објави босанскиот Б – портал. /24вести

Слични содржини