Ла ла ленд“ освои рекордер број статуетки на „Златните глобуси“

од Vladimir Zorba

  Мјузиклот на Демијан Шазел, „Ла ла ленд“ победи во категоријата „мјузикл или комедија“ на синоќешното доделување на годинешните награди „Златен глобус“, а пак, филмот „Месечева светлина“ на режисерот Бери Џенкинс е прогласен за најдобра драма за изминатава 2016 година.

На манифестацијата што се одржа во Лос Анџелес, домаќин беше водителот Џими Фалон.

„Ла ла ленд“ победи во рекордни седум категории и тоа – најдобар мјузикл, режија, сценарио, филмска музика, најдобра песна, како и за машка и женска главна улога, одиграни од Рајан Гослинг и Ема Стоун.

Филмот „Ели“ на Пол Верховен, според жирито, е најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, а пак „Зоотопија“ е најдобар анимиран филм.

Наградата за животно дело насловена „Сесил Б. де Мил“ ја доби Мерил Стрип, која не пропушти на својот говор да му даде и политичка боја, имплицитно критикувуајќи го идниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Слични содржини