Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека се надева оти Вашингтон ќе го одржи својот дел од договореното во врска со прекинот на огнот во Сирија.лавроввв

Лавров изрази надеж дека Белата куќа ќе почитува договор што предвидува прекин на огнот кој треба да стапи на сила на полноќ.

Тој вели дека не постои алтернативен план од договорот.

– Веќе рековме за планот Б – никогаш такво нешто не постоело, ниту ќе постои, изјави Лавров.

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави во вторникот дека можеби ќе биде тешко да се задржи Сирија како целина доколку долго се чека на прекин на насилствата.

Слични содржини