Ви пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски на „Сакам да кажам“:

goran

И тоа што власта ни го продава како граѓанска иницијатива, една недела подоцна ќе се обиде да ни го продаде како меѓуетнички конфликт. Па додека едни кампираат, други демократски ќе дебатираат. Кој е виновен? Дали орелот во Чаир, крстот во Бутел, или јарболот во Сарај? Божем од вчера сме. Божем не сме ја виделе истата приказна. По стоти пат. И знаеме како ќе заврши. Како наместен фудбал. На крај ќе седнат на маса и ќе се договорат да дојдат нови ајдуци. Е па, паметиме бе, луѓе. Не беше толку одамна. Пред само петнаесет години беше. Уште семејствата си ги оплакуваат жртвите. Уште не ги прежалиле своите најблиски.

Да не мислите дека ќе гинат патриотите што се фалат на Фејсбук? Ниту пак Ермира Мехмети ќе може со демократски говори да ги скрие апашлаците на нејзините сопартијци. Кој ќе ни продава камперска демократија? Абдулаќим Адеми, кој како министер за образование со години малтретира едно чудо основци, средношколци, студенти, професори, родители, само затоа што мораше да му оди по ќеф на Груевски? И сега тој глуми конфликт со ВМРО-ДПМНЕ?

Кој ќе поверува дека и крстот и орелот и јарболот се граѓански иницијативи, тогаш нека верува дека и ова што се случува во Бутел е меѓуетнички и меѓуверски конфликт. Слободно нека одат да се тепаат. Со крстот на чело и со орелот на глава. Не мора да го чекаат 5 јуни за неказнето да кршат гласачки кутии. Уште сега нека си ги искршат главите.

Целата колумна прочитајте ја на следниот линк.

Слични содржини