Лондонскиот музеј “Викторија и Алберт” ќе е дом на изложба која ќе го презентира значењето и историјата на луксузот.luxury_future

Изложбата ќе претставува повеќе од 100 скапи и ретки предмети и ќе го носи името “Што е луксуз?”. Според организаторите целта е да претстави дефиницијата за тоа што било луксузно во текот на годините и како тоа се одразило на нашиот секојдневен живот, пишува весникот “Луксуз”.

“Со тоа име изложбата ја става под прашање самата идеја на она што е луксузно денес”, вели една од кураторките на музејот Јованка Шолц. “со тоа ќе се промени општата идеја за луксуз, нудејќи блиско истражување на луксузните производи и проширувајќи ја идејата за тоа што би можело да биде луксузно”, додава таа.

Меѓу некои од експонатите се часовник за “патување во времето” – целосно рачно изработен часовник на британската компанија “Џорџ Даниелс”, како и облека на данската дизајнерка Ирис ван Херпен која е изработена со помош на ласер. Меѓу некои од концептуалните дела е и дело на американскиот уметник Габриел Барсиа – Коломбо, кое претставува вендинг машина (од типот машини за кафе и закуски), која пушта спакувана ДНК.Нејзината цел е да го покрене прашањето за тоа дали во далечна иднина поседувањето на сопствена ДНК нема да е луксуз.

Слични содржини