Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека ќе разговара со рускиот колега Владимир Путин по прашањето за создавање на руска воена база во Белорусија, цитиран од руските медиуми.

430x330

“Ние ќе разговараме со Владимир Путин за овој проблем, ако Русија гледа нешто што ние не го гледаме, таа треба да каже”, истакна Лукашенко пред новинарите.

Според него, “ако прашањето на воздухопловната база е дефинитивно, тогаш дајте ни ги овие 24 авиони”. Тој додаде дека “ако не сакате да ни ги дадете, дајте ни ги на изнајмување”.

На 6 октомври, претседателот на Белорусија, изјави дека со Русија не се водени преговори за руска воздухопловна база на белорускиот територија. Според него на Белорусија денес и требаат авиони, а не база.

Инаку денес тој рече дека Русија останува најблиската и братска земја на Белорусија. Во однос на Западот белорускиот претседател истакна дека добрите односи со Минск зависат од западните држави.

Претходно денеска Лукашнко гласаше на претседателските избори во главниот град Минск . Се очекува тој да го освои петтиот последователен мандат.

Во средината на септември Путин дозволи почеток на преговори со Минск за руска воена база во соседната држава.

Уште во 2013 година министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу откри дека може да биде изградена база во Белорусија. Во 2009 година Русија и Белорусија потпишаа договор за заедничка заштита на нивните надворешни граници и воздушен простор.

Воени претставници на Русија открија дека во основа ќе бидат распоредени борбени авиони Су-27. Москва и сега има борбени авиони во Белорусија, но тоа ќе биде првата голема база од колапсот на СССР.

Русија исто така има воени бази во Сирија (Тартус), Киргистан и Ерменија.

Создавањето на базата во Белорусија исто така може да биде сигнал до Западот дека Русија нема да толерира мешање во нејзината традиционална сфера на влијание.

Слични содржини