Бизнис светот денеска

Берлин – Швајцарците на вчерашниот референдум го одбија предлогот за реформи на пензискиот систем, што го иницираше Владата во услови кога земјата се соочува со прблемот со стареење на населението. Според прелиминарните резултати, предлог-реформите, со кои се предвидуваше продолжување на работниот век на жените за една година до 65-годишна возраст, се отфрлени во 14 од 26 швајцарски кантони.

Москва – Руската нафтена компанија „Лукоил“ во својот план за следните три години, предвидува цената на нафтата ќе изнесува околу 50 долари за барел. – Три години работевме на изготвување на детална анализа. Дефиниравме дека цената на нафтата ќе биде стабилна и ќе се движи околу 50 долари за барел, при курс на амерканската валута меѓу 62 и 65 реубљи, изјави првиот човек на „Лукоил“, Вагит Алекпетров.

Сараево – Најголемата фармацевтска компанија во БиХ, „Босналијек“ стана косопственик на фирмата „Фармамед“ од Тузла. Ваквата транскација е овозможена откако акционерите на тузланската компанија го поддржаа предлогот за вклучување на „Босналијак“ во нејзината сопственичка структура. По успехот на неколку странски пазари, пред се на рускиот, „Босналијек“ планира пробивање и на пазарот во Турција.

Њујорк – Американската компанија „Хјулит Пакард“ (ХП) се подготвува до крајот на годината да отпушти околу 5.000 вработени, во рамки на плановите за намалување на трошоците. Според анонимни извори во компанијата, ХП планира да го намали бројот на своите вработени за 10 проценти. Ваквите мерки ХП ги презема во услови на засилена конкуренција на пазарот, каде главни ривали и се „Амазон“ и „Гугл“.

Никозија – Кипарската Влада од 2013 година инкасираше над четири милијарди евра од доделување државјанства на странски богаташи, пред се Руси и Украници. Со ова, многу од руските и украинските милионери и олиграси, кои во своите земји се соочуваат со обвиненија за корупција и затајување данок, сега можат слободно да живеат и работат ширум ЕУ.

Њујорк – Биткоинот е измама која на крајот ќе се самораспадне, вели раководителот на американската банка „Џеј Пи Морган“, Џејми Димон, додавајќи дека дигиталната валута била измислена за да ја користат „дилери на дрога, убијци и луѓе кои живеат на места како Северна Кореја“. Во говор на банкарска конференција во Њујорк, Димон рече дека „истата секунда ќе го избрка од работа“ секој во неговата банка, кој ќе биде откриен дека тргува со биткоини. – Заради две причини: тоа е спротивно на нашите правила и затоа што се глупави. И двете нешта се опасни, изјави Димон.

МИА

Слични содржини