Ќерката многу плачела по мајмунот, па мајка и решила да го украде. Неверојатна приказна се крие зад кржабата на мајмунчето Лука во скопската Зоолошка градинка, пренесе24Вести.

majmun500

26 годишна кавадарчанка решила да го украде мајмунот од скопската Зоолошка градинка бидејќи ќерка и плачела по него секогаш кога ќе го видела. За таа цел го ангажирала и својот 31 годишен пријател исто така од Кавадарци. Дошле во Скопје со намера да го украдат мајмунот и биле комплетно подготвени за тоа. Носеле алат за да ја пресечат оградата. Ја пресекле и го извадиле мајмунот по што го ставиле во црна вреќа и ја прескокнале оградата.
Надвор ги чекало такси. Веднаш се упатиле кон Кавадарци но полицијата пред влезот на градот ги уапсила, а ќерка и не успеала ниту да го види.
Жената и нејзиниот пријател  ќе одговараат за тешка кражба

Слични содржини