Македонија е под снежна покривка. Врнежи  од снег со променлив интензитет има секаде , освен во Гевгелија каде се уште врне дожд.  Поинтензивни врнежи има во западните делови и Пелагонија. Долж Повардарието и на запад, особено на планините дува умерен ветер од северен правец кој на моменти засилува, информираат од УХМР.

makedonija-pod-sneg-211302-20430

Најмногу снег до 19 часот наврнало во Лазарополе 30 сантиметри, во Пожаране – 22, во Тополчани – 17, во Тетово 13, во Битола 12, во Ѓуриште 11, во Берово 9 сантиметри, во Прилеп 6, во Крива Паланка и Штип 5, во Виница 4 и во Струмица 3 сантиметри.

Во вечерните и ноќните часови ќе се задржи облачно време со врнежи од снег со променлив интензитет. Се очекува насекаде да се формира снежна покривка. Поинтензивни врнежи и понатаму ќе има во западните делови каде локално ќе наврнат повеќе од 50 сантиметри снег. До утре наутро на повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 сантиметри. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, што локално ќе предизвика создавање на снежни наноси, особено на планините.

Утре попладне  врнежите ќе престануваат. Ќе дува засилен северен ветер, повремено на места со брзина до 80 км/час.Минималните температури ќе се движат од -4 до 2 степена, а дневната нема да се менува односно од -5 до 2 степена.

Слични содржини