Норвешкиот терорист Андерс Брејвик поднесе тужба за нехумано однесување против државата. Аргументите му се дека е жртва на суров и нехуман третман поради специјалниот изолиран режим, во кој ја отслужува казната.

download (3)
Адвокатот на атентаторот изјави дека клиентот му се чувствува осамен и депресивен, бидејќи има пристап само до чуварите, лекарите и друг персонал. Неговиот единствен посетител беше мајка му, која успеал да ја прегрне за кратко пред таа да почине од рак во 2013 година.

“Целта на ова дело е да му се овозможи барем некакво нормално човечко општење”, изјави уште адвокатот. Условите се толку сурови што ја нарушуваат Европската конвенција за заштита на човековите права, а во Норвешка немало ваков случај на изолирање на осуден, додава тој.
Во моментов тој отслужува 21-годишна затворска казна за убиството на 77 лица во 2011 година. Тогаш Брејвик уби 8 лица со автомобил-бомба која експлодирала во Осло, а потоа застрела 69 младинци, кои беа на летен камп на Норвешката работничка партија. Тој отслужува максимала казна предвидена од норвешкото судство, во посебен изолиран режим во самостојна ќелија, без можност да комуницира со другите затвореници. Пресудата подлежи на ревизија и продолжување, ако осудениот се уште се смета за опасен.

Случајот против Норвешка ќе започне во средината на март. Од норвешката Дирекција за извршување на казните пак тврдат дека условите на живот се либерални,

мислејќи неговиот профил – непокаял се десен екстремист и антиислямист кој ризикува да биде нападнат, ако комуницира со останатите затвореници.

Одбраната вели дека на Брејвик, кој сега има 36 години, сака да му се даде можност да дискутира со други луѓе, како и да има можност да пишува и да добива писма и да има право на посети. Во моментов писмата му се предмет на строга цензура поради страв од можен заговор. Од Дирекцијата го негираат тврдењето дека Брејвик е држен во изолиран режим.

Слични содржини