МОН: СДСМ беше најголем противник на основањето на универзитетот „Гоце Делчев“

од Vladimir Zorba

timthumb

Министерството за образование и наука реагира на прес конференцијата на Петар Атанасов

„Голема е иронијата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, кој во 2007 година беше најголемиот противник на основањето на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, квалификувајќи го како непотребен, проект за вдомување партиски кадри, а денес ветува поддршка за негов развој и изградба на студентски дом. За волја на вистината, овој универзитет е една од најбрзо растечките високо образовни установи во земјата и се наоѓа на второто место на националната ранг листа со универзитети, изготвена согласно критериумите на Шангајскиот Џиао Тонг Универзитет. Тој ја има поддршката од институциите на системот, како во делот на унапредувањето на студиските програми и наставата, така и по однос на модернизацијата и надградбата на инфраструктурните услови и капацитети. Така што, ветувањата од оние кои го урнисуваа не само овој универзитет, туку и целокупниот високо образовен систем, вклучително и студентскиот стандард, воопшто немаат кредибилитет“, се вели во реакцијата./а1он

Слични содржини