Со традиционален музички хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше”, синоќа  фановите на Тоше Проески во знак на сеќавање  му подарија уште едно ѕвездено небо.

timthumb

– Сигурни сме дека ангелот вечерва не гледа од небо и ужива со нас. Никогаш немојте да ја заборавите неговата музика, добрина и хуманост кои единствено Тоше умееше да ги шири и поттикнува – велат неговите обожаватели.

На задоволство на сите, покрај неговите познати хитови се слушаше и  до сега необјавената песна на ромски јазик на Тоше Проески „Ефта пуране иконе“ (Седумте стари икони), како и долгоочекуваната верзија на песната „Малечка“ на англиски јазик.

Слични содржини