МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

8 Маврово, Крушево, Тополчани, 9 Лазарополе, 10 Ѓуриште, Претор, 11 Берово, Пожаране, 12 Битола, Охрид, Прилеп, Кр. Паланка, 13 Тетово, 14 Штип, Дебар, Куманово, Виница, Скопје Петровец, 15 Скопје-З.Рид, Дојран, Струмица, Гевгелија, Д. Капија.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

5 Виница, 6 Тетово, Пожаране, Скопје, Маврово, 8 Кр. Паланка, Куманово, Ѓуриште, 9 Охрид, 11 Штип, 15 Претор, 17 Прилеп, 18 Битола, 19 Тополчани, 22 Д. Капија, 23 Струмица, 24 Берово, 26 Крушево, 31 Дојран, 49 Гевгелија.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Преку ноќта  и изутринава времето насекаде беше облачно со локални врнежи од дожд. Дуваше умерен северен ветер.

 

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Претпладне претежно облачно со повремен дожд, особено во јужните делови.,каде се можни и ретки грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува и  врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северен и североисточен правец. Температурата ќе се движи од 18 до 25 степени.

Во Скопје, претпладне претежно облачно со услови за повремен дожд, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен,  повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од утре следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во деновите од викендот на места ќе го надмине 35-тиот степен, а УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9.

Слични содржини