19082013110617_Voz_dizel_800px

На 29.05.2016 година околу 02,30 часот на дел од пругата помеѓу ЖС Велес према ЖС Чашка, поточно после излезниот сигнал од ЖС Велес кај надвозникот, патнички воз кој сообраќал на релација  Скопје – Битола наишол и удрил во метален контејнер кој бил поставен од страна на непознати лица  од десната страна на пругата во правец на движење на возот. Од ударот моторната гарнитура била оштетена и причинета е материјална штета. Повредени патници и возен персонал нема. Возот не застанал на местото на настанот туку го продолжил движењето кон Битола. Од страна на екипа од ПС Прилеп била извршена кримтехничка обработка и се работи на целосно расчистување на случајот.

Слични содржини