Предпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови облачноста ќе се зголемува и ќе има повремени врнежи од дожд, само на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет и повеќе ќе бидат застапени и во северозападните делови на земјава. Температурата ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Во Скопје: Во текот на денот облачноста ќе се зголемува во попладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно од југоисточен правец.

 ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 07 часот:  60 Маврови Анови, 12 Лазарополе.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа  (во л/м2): Без врнежи

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ-6 Берово, -4 Скопје – Петровец, -3 Кр. Паланка, Куманово, Струга, Лазарополе и Маврово,  -2 Битола, Штип, Струмица,  -1 Охрид, Прилеп, Гевгелија, Скопје – З. Рид, Тетово,  0 Претор и

Д. Капија, 1 Крушево, 2 Виница,  и  во Дојран.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

В понеделник и во вторник ќе има извесно стабилизирање на времето, но локално ќе има услови за слаб дожд. Од средината на наредната недела се очекува  повторно зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат  пообилни.

 

Слични содржини