Ибрахим  на властите им дал  писмо во кое напишал дека сака да живее во Кипар со жена си

 ргипет авио

Утринава египетскиот авион А320, кој летал од Александрија до Каиро, беше киднапиран од непознати киднапер. Контактот со авионот е изгубен веднаш по полетувањето . Во моментов авионот се наоѓа на аеродромот во Ларнака, откако Кипар даде дозвола за слетување. Информациите за тоа колку луѓе останале на авионот  е контроверзна. Според Ројтерс, цитирајќи извори од Министерството за внатрешни работи на Кипар, во авионот има меѓу 15 и 20 лица.

Во исто време од авиокомпанијата Egypt Air соопштија дека се ослободени сите патници, со исклучок на четворица странци кои не се државјани на Египет и петмина членови на екипажот. Првично беше соопштено дека во авионот патуваат 55 патници и седум членови на екипажот, но од авиокомпанијата потврдија дека авионот полетал со 81 патник. Сеуште не е прецизирано колку од нив биле Египќани, но според АФП 50 египетски жени и деца први биле пуштени да слезат од авионот. До овој момент е јасно дека меѓу патниците има 10 Американци, 8 Британци и 1 Сириец. Националноста на останатите патници не се прецизира.

Според телевизијата “Ал-Арабија” киднаперот е идентификуван како Ибрахим сама, за кого се знае дека  е професор од Универзитетот во Атланта, САД. Податоците за неговата националност исто така има контроверзи.. Според египетската национална телевизија тој е Египќанец, но весникот “Филле лифтерес” наведува дека мажот е 50-годишен Либиец, оженет за кипарка.

Според Ројтерс драмата со киднапирањето на авионот може да е поради лични мотиви. Според податоците на весникот “Ал-Ахрам” тој побарал од пилотот да лета до Турција, но поради недостаток на гориво, се морало да се слета во Кипар. Според податоците на грчката телевизија “Скај” во текот на преговорите со кипарските власти мажот побарал азил во Кипар. Телевизискиот канал “Ал-Арабија” ги отфрли информациите дека на авионот  има експлозивни направи, откако првично беше соопштено дека терористот има појас со експлозиви.

Кипарската полиција е под тревога, а сите летови на аеродромот се откажани.

 Според Euronews човекот им  дал на властите писмо во кое објаснуваат дека само сака да живее со својата жена во Кипар.

Во Министерството за правда се одржува вонредна средба, а на аеродромот има амбулантни возила. Авионот А320 слета во Кипар на аеродромот во Ларнака во 08:50 по локално време. Киднапирањето на авионот случило на 70 милји од кипарската аеродром. Авиокомпанијата “Egypt Air” го  потврди киднапирањето на летот MS181. Се очекува компанијата да направи официјална изјава. / ТАСС

Слични содржини