Ново историско достигнување за Меси

од Vladimir Zorba

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси забележа ново историско достигнување во шпанскиот фудбал. Аргентинецот постигна гол при победата од 5-0 победа над Севиља во финалето од Кралскиот куп.

Па така Меси стана само вториот играч, кој дал 5 гола во пет различни финалиња за Купот. Има вкупно шест гола во клучните дуели за трофејот.

Првиот играч кој постигна гол во пет различни финалиња за Кралскиот куп е легендата на Атлетик (Билбао) Телмо Сара, кој во периодот 1942-50 година има осум гола во директните спорови за трофејот од Кралскиот куп.

Слични содржини