Француски судија покрена обвинение против една од жените, приведени под сомнение за наводен обид за терористички напади во Париз.франц полиција

Обвинетата Орнела Г. (29), мајка на три деца, планирала да замине за Сирија, со цел да се бори на страната на исламистите. Таа е обвинета за учество во криминална група со цел извршување на терористички напади и во обид за убиство, планирано од организирана криминална група.

Орнела Г. ќе остане во притвор, додека пријателот со кој беше уапсена вчера беше ослободен, без обвинение против него.

Отпечатоци од прсти на Орнела Г. се откриени во оставениот автомобил со плински боци во близина на париската катедрала Нотр Дам.

Слични содржини