Одите на Јадран? Ова се цените на апартманите

од desk2
329 прегледи

Просечна дневна цена за изнајмување туристички апартман во Хрватска изнесува 63 евра, а цените варираат од дваесетина до дури 500 евра за еден ден наем.

Ова го покажува анализата на понуда на порталот Njuškalo.

Најголема понуда за приватно туристиќко сместување има во Северна и Средна Далмација, како и на Кварнер и на Приморје. Се нудат секаков вид сместувања, од кои најмногу апартмани, но може да се најдат и цели куќи, но и соби, пренесува Tportal.


Приватното сместување во Далмација на пример, бележи најголем интерес во првата половина од годината, но и најповолни цени во сезона.Најмногу апартмани за издавање има во Задар, Водице, Вир и Биоград на Море.Просечна цена за изнајмување за еден ден во Задар е 62 евра, колку и во Биоград на Мори, додека истовремено просечна цена во Вир е 56, а Водице 57 евра за ден.

Слични содржини