Премиерата на филмот, „Година на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски беше поздравен од многубројната публика во кино Милениум, каде беше премиерно прикажан на Скопје филм фестивал.. На 23 и 24 април, филмот ќе ја доживеа својата интернационална премиера на Московскиот филмски фестивал, а ќе биде прикажан во официјална селекција. 

„Публиката многу убаво реагираше по проекцијата и со оглед на фактот дека се работи за една специфична комедија на апсурд, црна комедија, особено е битно што публиката реагираше на точни места, мнгу е битно за авторот заедно со публиката да го гледа филмот како еден вид проверка на концептот. Се надевам дека филмот е гледлив, питок и дека ќе комуницира со публиката. Јас сум оптимист дека публиката ќе го разбере и ќе го засака филмот“, рече режисерот Блажевски.

 

Слични содржини