На својот твитер профил евро амбасадорот Аиво Орав, потврди дека имал средба со претседателот Ѓорге Иванов.орав

Аболицијата ја поткопа одговорноста и владеењето на правото. Каква иднина за земјата и евро-атлантските интеграции?-напиша евро-амбасадорот Аиво Орав на својот твитер профил по средбата со шефот на државата Иванов, која инаку се толкува како засилен меѓународен притисок за шефот на државата да објави повлекување на аболицијата и со тоа да се намалат тензиите во земјава особено пред најавената лидерска средба в петок во Виена.

Неофицијално се вели дека се прави и терен за да може и опозициската СДСМ да седне на преговарачка маса со европската тројка Вајгл, Кукан и Ховит, како и со еврокомесарот Јоханес Хан. во спротивно, велат извори од опозициската СДСМ, Заев не би можел да прифати било какви разговори доколку, како што велат, нема услови за одговорност на власта. Истовремено и извори на владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека и во тесното раководство на партијата се размислува на кој начин да се изведе овој потег, кој предизвика масовни и жестоки протести скоро низ сите градови во земјава. /24 Вести

Слични содржини