Покриена со 24-каратно злато статуетката “Оскар” чини не повеќе од 400 долари, пишува “Independent”.

download
Последната пресметка на трошоците на најпосакуваната награда во светот на филмот е направена во 2011 година, кога цената на златото дури била повисока отколку во моментот.

Вредноста на статуетката сепак може да се зголеми значително, ако биде продадена од добитникот.

Највисоката цена платена некогаш за “Оскар” е 1 542 500 долари. Износот го платил Мајкл Џексон во 1999 година, за да поседува наградата за најдобар филм, доделена на “Одвеано со виорот”.

Статуетката на Вивиен Ли за најдобра актерка во главна улога (за истиот филм) пак била продадена за повеќе од половина милион долари во 1993 година,

Во историјата на “Оскарите”, кои се доделуваат од 1929 година, се врачени речиси 3.000 статуетки.

Слични содржини