75
Осум украински војници се убиени, а 16 повредени во изминатите 24 часа во источна Украина, соопштија украинските власти, велејќи дека проруските бунтовници спровеле еден од најжестоките напади од потпишувањето на мировниот договор во февруари. Според украинските власти ова е уште еден доказ за кршење на договорот и враќање кон воените дејствија. Украинските владини сили и сепаратистите меѓусебно се обвинуваат дека другиот го крши мировниот договор.