policijaibrzapomos
На 04.05.2016 година околу 15,15 часот во Пробиштип во кругот на АМД„Сообраќаен Центар“, М.С.(33) од Пробиштип, при замена на салолитни табли поставени на настрешница на еден од објектите во друштвото, во еден дошло до кршење на греда од настрешницата, при што истиот паднал на бетонската подлога од висина од 2,5 метри, при што се здобил со повреди во пределот на главата и телото. Од екипа на ИМП истиот е пренесен во ЗД-Пробиштип, од каде е префрлен во КБ-Штип, но поради сериозноста на повредите е пренесен во УЦ-Скопје. Увид на лице место извршила екипа од ПС-Пробиштип, во присуство на државен инспектор за труд ПЕ-Пробиштип.

На 04.05.2016 година во 23,45 часот во Кичево на ул.„Прилепска“, се случила сообраќајна незгода во која М.Д.(36) од Кичево, управувајќи ПМВ„Опел Вектра“ со охридски регистарски ознаки, удрил во пешаците Е.С.(54) и С.С.(54) двајцата од Кичево, а потоа го напуштил местото на настанот. Во незгодата, пешакот Е.С. од здобиените ТТП починал на самото место, додека пешакот С.С. се здобила со ТП и по укажаната лекарска помош во МЦ-Кичево е пуштена на домашно лекување. На 05.05.2016 година околу 00,45 часот возачот и возилото се пронајдени и над истиот е извршено алкотестирање при што е утврдено присуство на алкохол во крвта од 2,02 промили. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од ПС-Кичево. По наредба на ЈО, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Чекал автобус со жена му во Кондово, му дошле 6 мина со палки и пиштол…

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“ и „фалсификување исправа“. Пријавената на 04.07.2014 година и 21.08.2014 година со намера за себе да прибави Потрошувачки кредит и Мој кеш кредит, откако претходно набавила „Потврда за редовен работен однос и износ на нето плата“ наводно издаден и заверен со печат и штембил од правно лице од Скопје, „Потврда за редовен работен однос“, како и Извод од тековна сметка наводно издаден од банкапје, а за кои знаела дека се со невистинити податоци, истите ги употребила приложувајќи ги кај кредитодавателот. Во прилог на Барањето за потрошувачки кредит во износ од 427.000 денари и кон Барањето за Мој Кеш –Кредит во износ од 35.000 денари во кои дала невистинити податоци дека наводно е вработена во правно лице и дека месечните примања и се во износ од 20.000 денари, за што приложила и Извод од Тековна сметка со невистинита содржина, наводно издаден од друга банка во Скопје. Со наведените инкриминирани дејствија пријавената ја оштетила банката за износ од вкупно 462.000.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(34) Командир на ПС ОН Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во перидот од 2012 година до 2013 година од страна на ПС ОН Велес биле комплетирани и изготвени 16 Барања за поведување на прекршочна постапка по ЗППЈРМ и ЗБСП кои требало да се достават до Основен суд Велес – девет Барања за поведување на прекршочна постапка и до Комисија за прекршоци – седум Барања за прекршочна постапка. Пријавениот во својство на службено лице со пропуштање на должниот надзор и несовесно постапување при вршењето на своите овластувања и должности, наведените барања не ги процесуирал до надлежниот суд и Комисијата за прекршоци, по што настапила апсолутна застареност за прекршочно гонење на сите Барања и притоа предизвикал неможност сторителите на наведените прекршоци соодветно да бидат санкционирани од надлежните органи .
НК за КР Неготино поднесе кривична пријава против М.О.(47) и Н.Ј.(58) двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „даночно затајување“ и „недозволена трговија“. На 29.04.2016 година, од страна на полициски службеници при извршена контрола на патничко возило „Венто“ управувано од првопријавениот биле пронајдени 2.400 кутии цигари од марката „GR 25“ кои имал намера да ги продаде на второпријавениот внесувајќи ги во Р.Грција со товарно возило од фирмата „Принц транс“ од Скопје во кое бил вработен како возач. Од преземени мерки било утврдено дека истиот ден пријавените по претходен меѓусебен договор купиле цигари од Кванташки пазар на кои немало бандерола, односно за истите не е платена акциза со намера да ги продадат во Р.Грција за повисока цена.
ПС ОН Свети Николе поднесе кривична пријава против Н.Н.(22) од Свети Николе поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори„ и „овозможување на употреба на наркотични средства“. Пријавениот на 19.03.2016 година заради продажба, од лица од Скопје купил 20 грама наркотична дрога марихуана за износ од 10.000 денари. Од купената марихуана 0,8 грама продал на лице од Свети Николе, а на три лица им овозможил да уживаат наркотична дрога марихуана. На 06.04.2016 на улица „Септемвриска“ во Свети Николе при преглед од страна на полициски службеници кај пријавениот е пронајдена 14,64 грама марихуана спакувана во кеса.

ПС ОН Берово поднесе кривична пријава против Ш.Џ.(27) од Пехчево поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.02.2016 година од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот на пријавениот во Пехчево и во фрижидер над кој била поставена метална шипка со електричен кабел и две сијалици, пронајдени и одземени се четири саксии и една јутена вреќа во вид на бала во кои имало 26 растенија Канабис каде пријавениот ги насадил и одгледувал.

Слични содржини