Во село Сумта во Источна Германија со 102 жители ќе бидат сместени 750 муслимански бегалци, објави весникот “Њујорк тајмс”. Првично градоначалникот Кристијан Фабел ја прифатил одлуката на претпоставените инстанца како на шега, но таа станала вистина. “Незамисливо е такво мало изолирано село да прифати 10 патии повеќе мигранти од своето население”, ја цитира градоначалникот својата сопруга, која исто така не поверувала на пораката.

бегалци

Но уште утре во селото ќе пристигнат првите бегалци, кои ќе бидат населени во празни канцеларии. При тоа во селото нема ниту продавници, ниту училиште, ниту полициска станица, а системот на канализација не е прилагоден за населба со 1.000 жители. “Ние немаме никаква инфраструктура за такво количество на луѓе”, се пожали градоначалникот. Очигледно, ако одлуката не биде преразгледана Сумта ќе стане првата муслиманска населба во Германија. Во земјата секој ден влегуваат по околу 10 000 бегалци, а до крајот на годината нивниот број се очекува да достигне 100 000 луѓе.

Слични содржини