Албанската полиција на граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница, кај Струга, ја уапсила познатата албанска пеачка на народна и поп музика, Вјолца Џека.marina-vjolca-620x350

-Џека била уапсени при излез од Албанија, откако во нејзината чанта полицијата открила марихуана. Пеачката со нејзиниот автомобил „мерцедес“ требало да патува во Македонија, најверојатно за настап на свадба, кои во овој период се многуројни а каде најчесто гостите ги забавуваат албански пеачи, јавија албанските медиуми.

Вјолца Џека (41), жителка на селото Камера, кај Фуш Круја, заработила кривична пријава за „производство и продажба на наркотици“

Слични содржини