Неколку дена откако 32 годишниот маж призна дека сексуално го злоставувал и убил четиригодишниот Мухамед Јанузи од Босна, кој го киднапираше од центар за регистрација на бегалци во Берлин, германскиот комесар за заштита на децата од сексуални злоставувања предупреди дека би можело повторно да се случи истото зошто „педофилите демнат“.

663878_migranti-migranti-nemacka-07foto-tanjug-ap_f

Бегалските деца секојдневно се на мета на манијаци кои имаат многу прилики со оглед на „скандалозно лошата контрола во центрите за азил“-предупреди комесарот Јоханес-Вилхелм Рериг.

Според него педофилите имаат лесен пристап до центрите кои се во хаос со оглед на големиот број на бегалци и мал број на волонтери. Секој ден над илјада азиланти се пијавуваат во берлинските центри. Од еден од нив е киднапиран и малиот Мохамед. Децата се сместени во спортски сали или шатори.Центрите не се заштитени од педофили кои напаѓаат деца-рече Рериг.

Слични содржини