Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно со умерен северен ветер кој во наредните два дена ќе придонесе да нема појава на магла по котлините. Во вечерните часови, особено во западните делови повремено ќе има провејување на снег.

магливо с

Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од три до девет степени.

Во Скопје претежно облачно време со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а максималната ќе се искачи до пет степени.

Во петок времето ќе биде облачно, но во попладневните часови облачноста ќе се намалува, а ќе дува умерен северен ветер. Температурата на воздухот ќе се движи од три до девет степени.

За време на викендот ќе преовладува сончево и малку потопло време со мала до умерена локална облачност.

 

Слични содржини