Илјадници мигранти успеаја да ја пробијат граничната ограда и да влезат во селото Моин во општина Гевгелија. Веста ја пренесе Канал 5 соопштувајќи дека полицијата и армијата не успеале да ја спречат толпата. Според информации на телевизијата мигрантите веќе ги преплавиле дворовите на селаните од Моин кои се сериозно загрижени за својата безбедност.

kamnuvanje-granica-migranti

Огромниот број мигранти и бегалци, меѓу кои и повеќе жени и деца го напуштија кампот Идомени, на македонско – грчката граница денеска околу пладне.

Околу илјада мигранти кај Идомени се обиделе да преминат во Македонија

Се упатија во планината долж оградата на македонската граница во обид да најдат начин за влез во Македонија. Веста ја пренесе агенцијата Асошиејтед прес додавајќи дека толпата одбива да се повлече назад во кампот.

Слични содржини