Продолжуваат протестите низ Македонија

од Vladimir Zorba

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и денеска продолжува со протестите ширум Македонија. 

За денеска е најавено одржување на  протестен марш во вкупно 26 градови, каде граѓаните ќе кажат „да“ за унитарна Македонија и „не“ за двојазичност и кантонизацијата.

Вчера граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“  одржа протестен марш во речиси сите поголеми градови во земјата.

Во Скопје, учесниците, маршираа од Владата на Република Македонија до Собранието, повторувајќи ги своите барања дека се за заедничка Македонија, и се против платформи направени во други држави.

Слични содржини