„Група граѓански активисти и активистки, денеска (вторник, 9 февруари 2016 година), во 12 часот пред зградата на Јавното обвинителство во Скопје, ќе организираат протест заради молкот на оваа институција за одговорните за смртта на малата Тамара.pred-MZ-Tamara-685x320

Помина една година откако почина Тамара Димовска, а Јавното обвинителство сѐ уште се нема изјаснето по кривичните пријави против одговорните за нејзината смрт. Одговорот дека се води истрага не е доволен, посебно во случај како овој, во кој сите осомничени им се познати на органите на прогонот. Јавниот обвинител уште еднаш покажа дека правдата која ја спроведува не е еднаква за сите граѓани.

Јавното обвинителство вчера иобјави дека биле повикани повеќе лица да ги дадат своите изјави, дека повеќе лица се осомничени за кривичното дело – несовесно работење во службата, како и дека по завршување на сослушувањето, ОЈО ќе донесе мериторна јавно-обвинителска одлука за која јавноста ќе биде навремено известена.

Но ние прашуваме:

– Колку време е потребно да бидат сослушани осомничените?

– Зошто Јавното обвинителство се огласи прв пат, дури откако во јавноста беше најавен протестот токму на годишнината од смртта на Тамара?

–  И зошто, лицата се осомничени само за несовесно работење во службата, а не и за злоупотреба на службена положба и овластувања – дело за кое е поднесена кривична пријава против министерот Тодоров?

Бараме Јавниот Обвинител итно да покрене обвинените против одговорните за смртта на Тамара, вклучувајќи го и министерот Тодоров.

Затоа, ги повикуваме граѓаните, денеска, во 12:00 часот, сите да се собереме за да кажеме дека доста беше молк од Јавното обвинителство“, се вели во соопштението.

Слични содржини