Путин сепак не разговарал по телефон со Елтон Џон, тој манипулира!

од Vladimir Zorba
60 прегледи

Претседателот на Русија Владимир Путин не разговарал по телефон со англискиот музичар Елтон Џон, јави  ТАСС.

Elton-Putin-getty-680x365

Агенцијата се повикува на портпаролот на Путин, Дмитриј Песков. Во одговор на новинарско прашање Песков рече дека  одговорноможе  да изјави дека Путин не водел таков разговор.“Ако добиеме таков сигнал (дека пејачот има желба да разговара со рускиот лидер), ако претседателот добие таков сигнал, тој секогаш е отворен за дискусија на секакви проблеми на луѓето, на сите прашања “, рече Песков.

Според него, “луѓето често едноставно немаат точна претстава” што се случува во Русија и де факто стануваат жртва на “информативни манипулации”.

Елтон Џон објави во Инстаграм дека разговарал со рускиот претседател.

Слични содржини