Рускиот “блицкриг” во Алепо, во исто време со победата на Доналд Трамп во САД, на Владимир Путин му ја отвори вратата на регионот и ја врати во Москва во центарот на меѓународни настани.
Пристигнувањето на Доналд Трамп на чело на Америка може да биде почеток на ерата во која Русија ќе ја достигне силата и моќта на поранешниот Советски Сојуз, се вели во анализата на угледниот магазин “Економист”.
Експерт за руската политика Едвард Лукас, анализирајќи ги меѓународните односи, рече дека враќањето на Советскиот Сојуз е во текот, и дека Америка нема планови да направи нешто за да го спречи тоа. Дури и новоизбраниот претседател на САД е посветен на подобрување на односите со Кремљ, а неодамна изјави дека “лудост” е истовремено ги нападне џихадистите и сириската армија, бидејќи тоа може да доведе до војна со Русија, на која тој жестоко се спротивставува.
Во прилог на Путин иде и најавата на сирискиот претседател Башар ал-Асад дека е подготвен да соработува со Трамп. Во исто време, во Европа, проруски кандидати победија на изборите во Бугарија и Молдавија, со што влијанието на Русија повторно се шири во делови на Европа, која во времето на Студената војна беа во блиски односи со Кремљ.
Во прилог на коцките што се сложуваат на меѓународниот план, Москва на теренот покажува моќ. Деноноќното бомбардирање на делови од Алепо под контрола на бунтовниците ја покажа сета деструктивната моќ на рускиот арсенал. Благодарение на руската интервенција, силите на Асад за прв пат имаат предност во однос на бунтовниците и џихадистите, пишува “Економист”.