Пред четири дена Државната изборна комисија го објави списокот со спорни гласачи.

dik-3-860x680

Оттогаш тече рокот сите оние кои се на листата „фантомски гласачи“ да се пријават во комисијата. До вчера до 13 часот во ДИК се пријавиле околу 400 спорни галсачи.

Гледано по општини најмногу пријавени има во  општина Чаир, следат Аеродром, Карпош и Кичево.

Сите оние лица кои ќе се најдат на оваа листа на ДИК имаат можност повторно да бидат запишани во Избирачкиот список а се што треба е да се пријават до ДИК и на тој начин ќе го докажат идентитетот.

Доколку спорните гласачи  не се пријават во предвидениот рок кој е 25 дена за да ги расчистат сите неправилности во однос на податоците, ДИК ќе има право да ги избрише.  Станува збор за околу 39.502 гласачи.

Слични содржини