Русија ги забрани jеховините сведоци

од Vladimir Zorba

Русија ги забрани јеховините сведоци откако Врховниот суд ја прогласи христијанската секта за „екстремистичка група“.

Судиите наредиле да се затвори штабот на групата во Русија и нивните 395 локални претставништа, како и да се конфискува целиот имот.

Адвокатите на јеховините сведоци најавиле жалба на судската одлука, која сè уште нема стапено на сила, а случајот ќе го продолжат  во Европскиот суд за човекови права.

Во 2010, судиите во Стразбур пресудија дека претходна одлука на рускиот суд да ја забрани организацијата е неправедна./24вести

Слични содржини