Руски дневник: USА тенкови ќе пристигнат во Бугарија, за да ја чуваат од можна руска агресија

од Vladimir Zorba

САД планираат да ги пренесат во Европа и борбена авио бригада.


Во германскиот пристанишен град Бремерхафен пристигна нова американска тенковска бригада. Таа ќе ги засили земјите членки на НАТО од Источна Европа, пишува “Вашингтон пост” (The Washington Post).
Во северниот германски град беа префрлени американски тенкови, хаубици и стотици борбени оклопни транспортери кои ќе помогнат за одвраќање на можна руска агресија, посочува весникот.

Прва станица на бригадата ќе биде Полска, а потоа ќе биде ширени во седум земји – од Естонија до Бугарија. Мисијата планира да пристигне и во земји како Естонија, Латвија и Литванија.

Минатата година американскиот министер за одбрана Ештон Картер изјави дека силите ќе учествуваат во воените мисии во неколку НАТО земји. Бен Хоџис, командант на копнените сили на НАТО во Европа, изјави дека распоредувањето на тенкови е олицетворение на посветеноста на Вашингтон кон сојузничките земји во обезбедувањето на нивната заштита.

САД планираат да ги пренесат во Европа и борбена авио бригада. Распоредувањето на тенковска бригада е дел од операцијата “Атлантскаа решителност”, која цели американско воено присуство во ротацијата во период од девет месеци.

Тенковската бригада ќе биде со седиште во Полска, но ќе се вклучи во различни воени вежби на територијата на балтичките земји.

Бундесвер соопшти дека поголемиот дел од тенковите ќе се транспортираат со возови, но воени конвои ќе поминат низ неколку градови, меѓу кои и Хамбург.

“Фокс њуз” (Fox News) коментира дека бригадата ќе биде распоредена во земји како Естонија и Бугарија, каде што постои загриженост поради руските воени операции во регионот.

Извор: Руски дневник

Слични содржини