СДСМ во пишано соопштение до медиумите прачува дека изборот на новиот претседател на Собранието, Талат Џафери е според Уставот, Деловникот и законите на Република Македонија и оти е признат од стратешките партнери на Македонија, ЕУ и САД.

– Влатко Ѓорчев сигурно не заборавил дека беше сведок на крвопролевањето и бруталните напади врз неговите колеги. Ѓорчев е принуден денеска да ги брани насилните ставови на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. И покрај ова, СДСМ и претседателот Заев ја почитуваат човечноста што пратеникот Ѓорчев ја покажа на денот на насилството во Парламентот, се вели во соопштението од СДСМ.

Слични содржини