Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија, како и Националниот совет за евроинтеграции.гласање-собрание-670x320

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, во прво читање е единствена точка на дневниот ред на седниците и на двете собраниски комисии – за транспорт, врски и екологија и на Законодавно – правната комисија.

Членовите на Националниот совет за евроинтеграции ќе расправаат на тема  „Гејмингот како комерцијална дејност“.

Слични содржини