Eве ја нивната шема:

branko trickovski

Прво, Уставниот суд мисли дека може да се рехабилитира себе си, што е многу важно, затоа што и на најголемиот идиот му е јасно дека таков каков што е, мафиотизиран, не е во состојба да биде од корист ниту на државата ниту на Злосторничкото здружување на власта, ниту на себе си!

Второ, Со својата одлука Уставниот суд не ја негира смислата на агресивната кампања на вмро околу изборите на петти јуни, туку се обидува да ја обезбеди: демек, вмро направи се да се соочи со својот народ, ама не може ништо повеќе да стори против меѓународниот заговор и домашните предавници кон кои, еве, се приклучи и Уставниот суд, приближно така тече нарацијата во овој дел.

Трето, Уставниот суд се обидува да ги извлече од личен пораз Никола Груевски и Али Ахмети, вториот како иницијатор на одлуката, конституционалист, демек, а вториот, прво, како сенароден агресивец кој со одлуката за избори сакаше да го промовира народот како единствен критериум над правото и институционалноста и сега, по одлуката, како жртва на антимакедонските заговори на соросоидите, комуњарите и англосаксонците, сосе германците итн.

Четврто, се заедно ова е шанса за колку- толку достоинствено повлекување од самоизмамата со изборите на петти јуни.

Пето, револуцијата треба да биде безобразна и да ги искористи аспектите што и одат во прилог, како што е самиот чин на отповикување на одлуките за распуштање на собранието и за свикување на избори на петти јуни. Немаме никаква причина тоа да не го прогласиме за голема победа на Шарената револуција!

Шесто, Шарената револуција продолжува да ги третира мафиотските инсталации, каква што е Уставниот суд и сите судови, како непријателска категорија и останува на сите свои барање околу амнестијата, специјалниот суд/оддел, заплената на имотот, враќањето на изнесеното богатство, себевклучувањето во расправите за решението на македонското прашање и уште треба да се додаде секој ден по едно ново барање!

Бранко Тричковски – Фејсбук статус

Слични содржини